Во одронот во рудникот за жад на северен Мјанмар досега се пронајдени трелата на над 160 рудари, а се стравува дека бројот на загинати е уште поголем, соопштија денеска локалните влсти, додека потрагата по рударите и натаму трае, втор ден по ред.

Огромен куп одпад од рудникот се свлекол во езерото, предизвикувајќи голем бран од кал и вода со кој биле затрупани голем број рудари.

До синоќа биле пронајдени телата на 162 рудари, соопштија пожарникарите.

Претставникот на локалното Министерство за информации, Тар Лин Маунг, меѓутоа, денеска изјави дека досега се пронајдени телата на 161 лице, а 43 се хоспитализирани.

-Операцијата за спасување и натаму трае, рече тој.

Околу половина од жртвите допрва треба да се идентификуваат, кажа тој, додавајќи дека многумина од нив биле мигранти кои живееле во мали шатори во близина на рудникот.

-Денеска треба да се организира средба на која ќе се обезбеди финансиска помош за семејствата на жртвите, рече тој. Околу 80.000 американски долари донирала регионалната влада, здружението на индустријалци, здружението на златари и една рударска компанија.

Рударите работеле во областа Хпакант, во државата Качин, која е центар на индустријата за жад во Мјанмар.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 11:59