Бројот на инфицирани лица со новиот коронавирус во Германија во изминатото деноноќие забележа раст од 446, соопшти германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох.
Во Германија вкупно 195.674 се инфицирале со Ковид-19.
Додека во изминатите 24 часа во Германија од последици од новиот коронавирус починаа девет лица, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 9.003.