По серија експлозии во фабрика за пиротехнички средства во градот Хендек, во турската провинција Сакарија, повеќе од 150 работници останале блокирани под урнатините, а повредени се најмалку 56 лица.

Засега нема информација за загинати лица.

Гувернерот на провинцијата Четин Октај Кадирим изјави дека на местото на инцидентот веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи, но поради зачестените експлозии не можат да интервенираат во фабриката.

Експлозијата во Хендек се слушнала на далечина од десетина километри, објавија локалните медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 15:55