Sвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис, е на мислење дека присилната пауза во НБА лигата е добра во однос на шансите на неговиот тим за титулата. Лејкерс беа во топ форма пред крајот на сезоната, освојувајќи 8 од нивните 10 натпревари по „Ол Стар“ викендот, но според Дејвис, долгата пауза ќе му помогне на тимот од Л.А..

– Мислам дека нашите шанси (за титулата) се поголеми, едноставно затоа што сите сме одморени и подготвени да ја продолжиме борбата, рече Дејвис за продолжување на сезоната.

Дваесет и седум-годишниот кошаркар призна дека има полесни повреди, од кои се опоравувал за време на паузата.

– Паузата ми беше пригодна бидејќи ми овозможи да се лекувам од некои постојани повреди и да се вратам на најдоброто. Се чувствувам 100% здрав и подготвен, изјави поранешниот играч на Њу Орлеанс Пеликанс.

Пред паузата, Дејвис блескаше за Лејкерси со просек од 26,7 поени, 9,4 скока, 3,1 асистенција, 2,4 блокирани шутеви и 1,5 украдени топки при 51% успешност од ударите од игра.

Лејкерси ја продолжуваат сезоната со директен судир против Лос Анџелес Клиперс утрото на 31 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 16:33