Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши е заразен со коронавирусот.

Тој на Твитер напиша дека има мала температура и оти веднаш се изолирал во својот дом.

Куреши изјави дека планира да ги извршува своите должности од дома.

Си-Ен-Ен наведува дека не е познато како Куреши се заразил, но потсетува дека во средата се сретна со американскиот специјален претставник за Авганистан.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2020 22:57