Светската здравствена организација во рок од две недели ги очекува првите резултати од клиничките испитувања на лекови кои би можеле да бидат ефикасно во лекувањето на пациенти со Ковид-19, соопшти денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Извршниот директор на СЗО за вонредни програми Мајк Рајан на прес-брифинг изјави дека не би било паметно да се предвиди кога вакцината против Ковид-19 би можела да биде подготвена за масовна дистрибуција.
Како што рече. иако кандидатот за вакцината би можел да се покаже како ефикасен до крајот на годината, прашање е колку брзо може да почне масовно производство.