Во пресрет на Денот на независноста, американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи говор на планината Рашмор во Јужна Дакота и ќе присуствува на огнометот и празнувањето, на кое според некои извештаи можат да дојдат околу 7.500 луѓе.
Огнометот ќе се случи во позадина на познатиот гигантски барељеф со портретите на претседателите Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн, изрезбан во гранитните карпи на планината Рашмор.
Сличен огномет по повод Денот на независноста овде се нема оддржано уште од 2009 година. Огнометите овде се укинаа поради висока веројатност од пожари во околните шуми. Но Трамп се изјасни дека сака да ја обнови традицијата а властите на Јужна Дакота ја поддржаа идејата со изговор дека „новите технологии на производтсво на огнометна опрема се многу побезбедни“.
Властите изјавија дека нема да применуваат мерки за носење маски или физичка дистанца, и дека организаторот нуди бесплатни маски за секој што сака.
Според медиумските извештаи, домордните индијанци планираат протестна акција за време на посетата на Трамп и критикуваат зошто претседателот празнува во ова за нив свето место.
Демократите од своја страна ја критикуваат намерата да се организира вакво празнување во време на пандемија. Демократската национална конвенција (ДНЦ), главна организација на Демократската партија, претходно во твит индицираше дека со тоа што оди на Рашмор, претседателот не е во дослух со актуелите протести против расизмот и потегот се јавува „славење на предимството на белата раса“.
Републиканскиот законодавач од Ј. Дакота, Дасти Џонсон, веднаш одговори обвинувајќи ги демократите дека сакаат да ја избришат историјата на САД. ДНЦ потоа го избриша твитот, и на прашање од Ројтерс не објасни зошто го стори тоа.
Од четворицата претседатели, барем двајца, Вашингтон и Џеферсон, биле робовладетели.
Трамп, главната прослава за 4 јули ќе ја оддржи утре во Белата куќа.
Планината Рашмор било свето место за племето Лакота со векови.
До колонизацијата на Америка, индијанското име на живописните гори и шуми било „Шест прататковци“ или планина Јагуар. Таа била преименувана во 1930 година во чест на претприемачот Чарлс Рашмор, кој во 1885 година ја извел првата експедиција во делот на планинскиот масив Блек Хилс.
Работите за создавање на споменичен комплекс со ликовите на претседателите траеле од 1927 до 1941 година под надзор на скулпторот Гутсон Борглум. Тој бил член на Кју Клукс Клан. Со барељефот Борглум сакал да ги прослави имињата на претседателите но и да ги истакне високите идеали што секој од нив ги застапувал за доброто на Американците.
Скулпторот има кажано дека Џорџ Вашингтон бил избран затоа што вовел демократија, Томас Џеферсон ја донел Декларацијата за независност, Абрахам Линколн го окончал ропството, а Теодор Рузвелт ја одобрил изградбата на Панамскиот канал.