Германскиот Парламент усвои закон со кој се криминализира фотографирање или снимање лица кои загинале во несреќи.
Согласно предлог-законот што беше донесен вчера, таквите дела да бидат третирани кривично.
Овој потег на Германија, кој сега предвидува казна или затвор до две години за такви фотографии, следува по минатогодишното одобрување на сличен закон во Англија и Велс, со кој се забранува такво фотографирање.
Според законот, забрането е да се снимаат и дистрибуираат неовластени фотографии што „прикажуваат мртво лице на навредлив начин“.