Кошаркарот Алесандро Џентиле и италијанскиот Тренто официјално ја прекинаа соработката.

Крилниот играч го напушти клубот по една сезона, и покрај тоа што имаше уште една година договор.

– Во текот на викендот, постигнавме договор да ставиме крај на соработката. Среќни сме за за сето она што Џентиле ни го даде во текот на сезоната. Сега нашите визии се различни и решивме да се разделиме, беше цитиран генералниот директор на Тренто, Салваторе Траиноти, пренесе „Спортандо“.

Џентиле минатата сезона одигра 33 натпревари во италијанското првенство и Еврокупот, со просек од 14,6 поени, 4,2 скока и 2,6 асистенции.

Во својата кариера играше и за Бенетон, Армани, Панатинаикос, Хапоел, Виртус и Естудијантес.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2020 22:22