Фудбалерот од средниот ред на Баер, Каи Хаверц, побара од клубот да го пушти да си замине ова лето. Оваа информација ја објави „Билд“.
Челзи и Реал покажуваат интерес за фудбалерот. Челси е подготвен да плати 100 милиони евра на рати.
Дваесет и едногодишниот фудбалер одигра 43 натпревари за Баер во сезоната 2019/20, постигна 17 гола и девет асистенции.
Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 81 милион евра.