Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето на Лигата на шампионите беше извлечена денес во Нион.
Натпреварите од оваа фаза, вклучувајќи го и финалето, ќе се играат во Португалија без публика. Се оформија две половини до финалето – едната со гиганти и другата со навидум полесни ривали.
Ждрепката за четвртфиналето го собра парот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити со оној од Лион и Јувентус.
Другото четвртфинале што привлекува внимание е помеѓу парот Наполи / Барселона и Челси / Баерн. Интересно е што победниците од овие две четвртфиналиња ќе се сретнат во полуфинален натпревар.
Во другите две четвртфиналиња ривалите се целосно јасни: РБ (Лајпциг) против Атлетико Мадрид и Аталанта против Пари Сен Жермен. Победниците од овие дуели ќе се сретнат во полуфиналето.
Ова значи дека еден од Лајпциг, Атлетико, Аталанта и ПСЖ ќе игра во финалето во спор за трофејот.
Парови за четвртфиналето: Реал Мадрид / Манчестер Сити – Лион / Јувентус РБ (Лајпциг) – Атлетико Мадрид Наполи / Барселона – Челзи / Баерн Аталанта – ПСЖ
Парови за полуфиналето:
Победник четвртфинале 1 – Победник четвртфинале 3 Победник на четвртфинале 2 – Победник на четвртфинале 4
Финале: Победник полуфинале 2 – Победник полуфинале 1
Клучни датуми: 1/8-финале, реванш: 7-8 август 1/4-финале – 12-15 август 1/2-финале – 18-19 август Финале – 23 август