Златан Ибрахимовиќ не престанува да доминира на теренот. Тој го фати ритамот и сега ги пополнува колоните на италијанскиот и европскиот печат со бомбастични изјави секој ден.

Апенините пишуваат околу неговата средба со претседателот на Милан, на која Швеѓанецот бил суров, велејќи дека тимот не е каков што бил порано и дека ќе беа шампиони ако го доведоа порано.

Овој пат Ибракадабра зборуваше за дискусијата со Иван Газидис.

– Не излезе ниту 10 проценти од тоа што се случи, рече Златан, алудирајќи на кавгата со првиот човек на клубот.

Легендарниот 38-годишен напаѓач потоа додаде: „Отидов на интервјуто не во мое име, туку во име на тимот, искрено да кажам каква е ситуацијата“.

Со оглед на тоа што уредно го исплука и идниот тренер на Милан, Ралф Рангник, велејќи дека не слушнал за него, јасно е дека деновите на Ибра на „Сан Сиро“ се одброени.

На прашањето дали на повидок е негов наследник, Ибра одговори во свој стил: „Се надевам така, но тешко е. Барем не го гледам. Напаѓач со ужасна техника со скоро два метри. Со сила на Тајсон, танц на Мухамед Али и брзината на Брус Ли. Не го гледам тоа“.

Златан се осврна и на понудата одчленот на втората лига, Монца, предводена од Берлускони и Галијани, велејќи дека тие го повикале, но тој не откри дали ќе се пресели таму.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 15:39