Екипата на Норвич не успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата, откако попладнево на домашен терен загуби од Вест Хем со убедливи 4:0.

Куриозитет е тоа што сите голови за гостите од Лондон ги постигна Михаел Антонио.

Ова беше дуел од 35. коло по кој Норвич ги загуби и теоретските шанси да остане во елитата на англискиот фудбал.

Тимот има само 21 бод и е убедливо последен на табелата со недостижни 13 бода негатива зад првата екипа која е надвор од опасната зона.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 17:06