Тимот на Лацио, кој до пред кризата со коронавирусот беше многу сериозен конкурент за шампионскиот трофеј, влезе во резултатска криза. „Лацијалите“ попладнево загубија на свој терен од Сасуоло (1:2) во натпреварот од 32. Коло, иако на полувреме водеа со 1:0.

За римскиот клуб единствениот погодок го постигна Луис Алберто, додека за Сасуоло погодија Џакомо Распадори и Франческо Капуто.

За Лацио, овој пораз беше трет по ред во Серија А.

Сасуоло го завзема 8. место на табелата со 46 бода, Лацио е втор со 68 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2020 22:35