Напаѓачот на Севиља, Сусо, изнајмен од Милан, ќе остане во шпанскиот клуб, пренесува „Football Italia“.

Клубот од Севиља го обезбеди своето учество во групната фаза од Лигата на шампионите 2020/21. Во случај на влез во Лигата на шампиони, Севиља е должна да го откупи договорот на 26-годишниот Шпанец за 24 милиони евра.

Во сезоната 2019/20, Сусо настапи на 18 натпревари за Севиља, во кои постигна гол и направи две асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2020 15:15