Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот. Неговиот договор истекува следното лето.

– Сакам тој да остане во 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб.

Тој е загрижен дека управувањето на Јосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2020 16:49