Ништо повеќе не може да го запре Јанис Адедекумбо во обидот да ја освои наградата за МВП на НБА лигата веќе втора година по ред.

Ова се должи на фактот дека лигата вчера ги извести сите 30 екипи дека ниту еден од натпреварите по рестартирањето на регуларната сезона нема да биде вброен во борбата за поединечни награди, тврдат разни извори.

Само 22 од клубовите ја обновуваат кампањата. Награди сепак ќе има, но сите гласови ќе бидат засновани на статистиката во натпреварите од 11 март наваму. Тоа беше ноќта кога сезоната беше прекината по тестот за коронавирус на Руди Гобер од Јута џез.

– Одлуката да се исклучат натпреварите до крајот на сезоната од наградното гласање гарантира фер процес во кој играчите и тренерите од сите 30 тима ќе имаат исти можности да бидат наградени како најдобри изведувачи во регуларната сезона, се вели во меморандумот на НБА до тимовите.

Значи, каква и да имаше шанса sвездата на Њу Орлеанс, Зајон Вилијамсон, за наградата Дебитант на годината во борбата со Џа Морант од Мемфис Гризлис, таа заврши. Вилијамсон играше на само 19 натпревари поради повреда на коленото, а неодамна остави изолиран простор во Орландо поради проблем со семејството. Гласањето за тим на годината и најдобар дефанзивец се меѓу другите засегнати награди. Адетекумбо во просек има 29,6 поени, 13,7 скока и 5,8 асистенции по натпревар за тимот со најдобар биланс, Милвоки Бакс (53-12). Бекот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден, крилото на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и бекот на Далас Маверикс, Лука Дончиќ, беа во игра за Највредниот играч пред да заврши кампањата во март.

Тренерот на Милвоки, Мајк Буденхолцер, не смета дека треба да има премногу контроверзии околу тоа дали Адетекумбо треба да биде реизбран за МВП.

– Мислам дека тимовите имаат одиграно 64, 65, 66 натпревари во зависност, па ова се доволно средби и работа на паркетот – најважната работа, сигурно е дека сметаме дека Јанис направи доволно за да победи по втор пат по ред. Она што тој го прави за нас на двата краја на теренот, што го прави секоја вечер и ја поставува границата за сите други во тимот. Тој е неверојатен соиграч, не е себичен, прави се во играта. Мислам дека тоа треба да биде најкорисниот играч во лигата, така што секако дека мислиме дека тој ја заслужува наградата и ние ќе бидеме возбудени да го поддржиме, рече тој за „ЕСПН“.

Во статистиката, Харден води по бројот на поени во просек по натпревар со 34.4. Бекот на Вашингтон, Бредли Бил е втор со 30,5, но нема да биде дела од рестартирањето поради повреда на рамото. Центарот на Кливленд Кавалирс Андре Драмонд е сегашниот лидер кај играчите со најмногу скокови – во просек од 15,2 по натпревар, но неговиот тим нема да учествува во обновувањето. Хасан Вајтсајд од Портланд Трејлблејзерс е најблиску до него со 14,2. Џејмс води при асистенциите со 10.2. Вториот во рангот е Треј Јанг со 9,3 од Атланта Хокс, но тој исто така нема да биде на терените во Орландо.

Лигата ја продолжува регуларната сезона на 30 јули. Покрај Хоукс и Кавалирс, другите екипи кои нема да учествуваат се Шарлот Хорнетс, Чикаго Булс, Детроит Пистонс, Голден Стејт Вориорс, Минесота Тимбервулвс и Њујорк Никс.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2020 14:47