Кошаркарите Лука Петровски и Љубиша Димитроски се нови кошаркари на Академија ФМП.

Петровски доаѓа од екипата на Куманово, додека Димитроски го носеше дресот на МЗТ Скопје УНИ Банка.

ФМП потпиша едногодишен договор со Петровски кој во својата кариера има настапувано и за екипите на АБА Струмица, МЗТ Скопје Аеродром, Тирана, Работнички, Карпош Соколи и Куманово каде што беше последните 2 сезони.

– Пред се ми е задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП, бидејќи ова е еден амбициозен клуб со добра организација и услови. Работата со тренерот Петровиќ ми е позната од претходните сезони и се надевам на успешни резултати во наредниот период, изјави Петровски, цитиран од клубот.

Осумнаесет годишниот Димитроски потпиша двегодишен договор со можност да биде продолжен на уште една дополнителна година, а во својата професионална кариера настапуваше за екипите на МЗТ Скопје Аеродром и МЗТ Скопје УНИ Банка и беше член на младинските репрезентации на Македонија.

– Среќен сум поради моето доаѓање во Академија ФМП, пред се ми претставува чест да работа со тренер како Петровиќ, кај кого мислам дека ќе ја усовршам мојата игра и имам можност многу да напредувам. Се надевам на успешна сезона со повеќе победи и напредок во мојата игра, изјави младиот Димитровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/07/2020 00:00