Еден од најдобрите НБА играчи од 2000-тите, Кевин Гарнет, би можел да стане сопственик на Минесота, за која настапуваше од 1995 до 2007 година и од 2015 до 2016 година.
Според инсајдерот на „The Athletic“ Шамс Харанија, 44-годишниот Американец ја истражува таквата опција со група инвеститори.
Актуелниот сопственик на клубот, Глен Тејлор, е подготвен да го продаде клубот за 1,2 милијарди долари.