Актуелниот носител на наградата МВП (Највреден играч) во НБА лигата, Јанис Адетокумбо изјави дека се чувствувал непријатно без кошарка за време на паузата во НБА поради пандемијата од коронавирус.

– Се чувствував изгубено некое време. Мојот живот не е ист без кошарката“, рече 25-годишниот крилен играч на Милвоки Бакс.

Пред крајот на сезоната, „грчкиот фрик“, како што го нарекуваат во САД, имаше 29,6 поени (трет во лигата), 13,7 скока (трет) и 5,8 асистенции (23-ти) во просек по натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2020 01:13