Голманот на Манчестер јунајтед, Серхио Ромеро може да ја продолжи кариерата во друг клуб во Премиер лигата, објави „ЕСПН“.

Според изворот, за 33-годишниот Аргентинец се заинтересирани Лидс и Евертон.

Претходно беше објавено дека голманот сака да го напушти Манчестер јунајтед поради желбата да добие поголема минутажа.

Во сезоната 2019/20, Ромеро настапи на 15 натпревари за Манчестер јунајтед, на кои прими четири голови.

Аргентинецот играше во Лигата на Европа, ФА Купот и англискиот Лига Куп без воопшто да се појави на теренот во Премиер лигата.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на Ромеро на 2,8 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2020 01:55