Олимпијакос го објави потпишувањето на договорот со грчкиот кошаркар Костас Слукас.

На својата официјална веб-страница, Олимпијакос му посака добредојде на својот поранешен член.

Триесетгодишниот кошаркар, последните пет сезони ги помина на Фенербахче. Минатата сезона Слукас имаше просек од 11,6 поени, 2,8 скока и 6,1 асистенции по натпревар.

За потсетување, Гркот веќе играше за Олимпијакос во периодот од 2008 до 2015 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2020 02:20