За да се олесни распоредот на клубовите во англиската Премиер лига, следната сезона, ќе бидат откажани повторувањата на натпреварите во сите рунди во ФА Купот.

– Англиската фудбалска федерација веќе се согласи да ги откаже сите повторувања на ФА Купот за една сезона. Како прво, оваа одлука е донесена во интерес на претставниците на највисоката дивизија, објави „Дејли мејл“.

Британскиот весник исто така објави дека клубовите од Премиер лигата кои играат во европски натпреварувања се заканија дека ќе се повлечат од англискиот Лига куп, доколку не им биде дозволено да играат таму со младински тимови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2020 11:10