Поранешниот кошаркар на Чикаго булс, Скоти Пипен призна дека не му е лут на неговиот поранешниот соиграч Мајкл Џордан.

Претходно во медиумите се појавија шпекулации дека Пипен е навреден поради начинот на кој бил претставен во документарната серија „Последниот танц“.

– Имаме одлична врска со Џордан, подобра од кога и да било. Ништо не е променето. Овој документарен филм не ги промени нашите односи. Ние ќе останеме пријатели засекогаш, изјави Пипен за тамошните медиуми.

Во шампионските времиња на Чикаго, Пипен беше секогаш во сенка на првата ѕвезда на тимот Мајкл Џордан.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2020 14:40