Извршниот директор на Здружението на играчи во НБА (НБПА), Мишел Робертс, изрази очекување дека следната сезона може да се игра во „балон“.
– Ако утре изгледа како денес, не знам како можеме да кажеме дека Лигата ќе биде поинаква. Затоа што сега сите знаеме, не затоа што тоа го велам, туку Лигата, со Здружението на играчи и нашите експерти велат: „Ова е единствениот начин“, тогаш мора да се прави на тој начин, изјави Робертс за „ЕСПН“.
Досега поминаа три недели откако екипите започнаа да пристигнуваат во „Дизни Светот“, каде ќе се одржи завршницата на НБА. Сите, освен еден од тестовите, беа негативни, само за играчите, пред да влезат во кампусот.
– Верувам дека сè (пандемијата) ќе исчезне и се молам да има поинаков пакет околности. Но, ако „балонот“ е единствениот начин за играње натпревари, така и ќебиде. Се надевам дека нема да биде така, затоа што посакувам луѓето да бидат со своите семејства. Но, можам да коментирам само за она што го знам, а она што го знам е она што е во моментот, додаде Робертс, која исто така е во „балонот“.
Отпрвин, имаше загриженост за тоа како играчите ќе издржат толку долго на ограничен простор.
– Бев загрижена дека ќе изгледа како воен логор. Јас навистина реков: „Вие не можете да ги заклучите луѓето, затоа што иако е убав затвор, тоа сепак е затвор“. Постојат неколку работи што треба да ги правите, да мерите температура и да се тестирате. Но, не може да биде полесно. Јас се придржувам кон протоколите за здравје и безбедност, носам маска и сето тоа, се е навистина едноставно, а објектите каде што се играчите, се целосно во согласност со квалитетот што мора да го имаат. Не се грижам дали некој ќе се разболи, затоа што имаме одлични медицински установи и доктори на кампусот. Значи, јас сум целосно среќна што смисливме вистински протокол, посочува таа.
Робертс е свесен дека е невозможно сè да биде совршено.
– Секој ден „чукате во дрво“ за никој да не се зарази. Но, тоа е јасно, решивме да играме, а играчите се ОК со тоа, заклучи Робертс.