Манчестер јунајтед нема да дозволи играчот од средниот ред Алексис Санчез да игра за Интер до завршувањето на Лигата на Европа, бидејќи може да се соочи со клубот од Милано во финалето на турнирот.

Во исто време, англискиот клуб е подготвен да го продолжи закупот на 31-годишниот Чилеанец на крајот на сезоната, но повеќе би сакале да го продадат, пренесува „ESPN“.

Од друга страна, Интер е заинтересиран да го откупи Санчез, под услов да се согласи на значително намалување на платата. Во Манчестер јунајтед, играчот од средниот ред заработува околу 400.000 фунти неделно.

Договорот на Санчез со „црвените ѓаволи“ важи до 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/07/2020 13:00