Том Тибодо беше официјално објавен за нов главен тренер на Њујорк Никс. 62-годишниот стручњак ќе седне на главното место на клупата на тимот од Њујорк, откако ги водеше Минесота Тимбервулвс за последен пат во периодот од 2016 до 2019 година.
– Том Тибодо е докажан победник кој успева да извлече максимум од своите играчи и тимови. Ќе донесе лидерство, одговорност и вреден менталитет на нашата организација. Со нетрпение очекуваме да го вратиме во Њујорк и задоволни сме што соработуваме со него и неговиот персонал за успешна иднина, рече претседателот на клубот, Лена Роуз.
Американскиот тренер има осумгодишен период како помошник тренер на Никс – од 1996 до 2004 година. Пред да се приклучи на Минесота, Тибодо беше главен тренер на Чикаго Булс, каде ги забележа своите најсериозни успеси – веднаш беше награден со наградата „Тренер на годината“, а исто така стигна и до финалето на Источната конференција со „биковите“ во 2011 година.
– Благодарен сум за можноста да се вратам во оваа историска организација како главен тренер и да работам со такво талентирано раководство, во кое верувам и го почитувам, вели во изјавата на Тибодо.