Милан Томиќ и Бојан Димовски се новите засилувања на струмичкиот прволигаш Академија Пандев.

Талентираниот Димоски (18), кој доаѓа од тимот на Вардар и игра на позициите последен играч за врска како и на левата бековска позиција, синоќа го официјализираше пристапувањето на тимот на „пандевци“ со ставање потпис на договорот. Тој е стандарден во младинските селекции на Македонија, а моментално е член на селекцијата У-19.

Томиќ (20) доаѓа од белградска Црвена Ѕвезда и исто настапува на позиции во одбраната. Досега ги бранел боите на српските Графичар и Ѕвездара како позајмен играч.

Претходно потпис на договорите со Академија Пандев ставија Милан Радески и Никола Серафимов.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 00:45