Напаѓачот на Јувентус, Пауло Дибала веќе најави атак на десеттото последователно Скудето.

Клубот од Торино, го има обезбедено деветтиот по ред шампионски трофеј, иако сезоната во Серија А не е завршена.

– Обожавам да победувам, како и моите соиграчи, како и нашиот клуб во целина. Ни помага многу што Јувентус има најсилни играчи на светот на секоја позиција. Горди сме на самите себе, успеавме да освоиме двете титули по ред, тоа е фантастично! Како и да е, ние веќе размислуваме како да го освоиме 10. последователно првенство, додека најголем дел од нашето внимание го насочуваме на настапот во Лигата на шампионите во август.

Јувентус на 7 август го пречекува Лион во реваншот од осминафиналето на ЛШ. На првиот дуел во Франција победи Лион со 1:0.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 00:47