Непознати лица оставија свинска глава во близина на тренинг центарот на СПАЛ. До главата беше поставен транспарент со зборовите „Свињи од Ферара“ одете си.

Клубот СПАЛ е од градот Ферара.

Претседателот на СПАЛ Валентина Фероци го осуди ваквото однесување.

– Јас немам проблем со протести, но има одредени начини да се стори тоа. Не знам кој го направи тоа, но користењето на отсечената глава на невиното животно е лош вкус и дефинитивно не е слика на фановите, изјави Фероци.

СПАЛ одамна ги изгуби шансите за опстанок во Серија А и по три сезони во елитната лига, следната ќе игра во Серија Б.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 00:50