Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета ги негираше гласините за евентуалното заминување на напаѓачот Пјер-Емерик Обамејанг по финалето во ФА Купот 2019/20 против Челзи.

– Не мислам дека Обамејанг ќе замине по финалето на Купот, немам такви размислувања за оваа ситуација. Не заборавајте дека тој сè уште има договор со Арсенал. Ние сакаме да го задржиме и да склучиме нов долгорочен договор со него. И покрај тоа, сега е со нас и треба да биде горд на тимот на кој се наоѓа, изјави Артета за Goal.com.

Договорот на Обамејанг со Арсенал важи до крајот на јуни 2021 година. Во сезоната 2019/20 година, 31-годишниот Габонец постигна 27 голови и три асистенции на 43 натпревари за „Топчиите“.

Финалето на ФА Купот, Арсенал – Челзи ќе се одржи утре на „Вембли“ во Лондон со почеток во 18:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2020 00:54