Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу не ја загубил вербата во Кике Сетиен, и покрај слабиот крај на сезоната на тимот во Ла Лига.

– Ние во моментов не размислуваме за тренерска промена, изјави Бартомеу за локалниот весник „Дијарио спорт“.

Сетиен го замени Ернесто Валверде на почетокот на годината, а во март пред крајот на сезоната поради пандемијата на коронавирус, Каталонците се најдоа на врвот на шампионскиот пласман.

Низата слаби натпревари и незадоволителните резултати по продолжувањето на кампањата во јуни ја чинеа Барса губење на титулата и му дозволија на Реал Мадрид да триумфира за прв пат по три години.

– Кога го ангажиравме, му рековме дека проектот е до крајот на оваа сезона и следната. Тешко е да се суди тренерот по само неколку месеци и среде пандемија. Како што кажа Артуро Видал тој и играчите немале доволно време да работат заедно и добро да се запознаат, рече Бартомеу.

Претседателот на Барселона призна дека во зима имал разговори со поранешниот плејмејкер на тимот Чави Ернандез за замена на Валверде, но не е постигнат договор.

– Чави еден ден ќе ја преземе Барселона, убеден е Бартомеу.

Следниот меч за Барселона е следниот викенд, кога го пречекува Наполи во осминафиналето од ЛШ по 1:1 во првиот натпревар во Неапол.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2020 12:58