Командантот на сириската народна милиција во градот Скалбија, Набил Абдула, планира намера да изгради капела која симболично ќе го носи името Аја Софија.

– Тоа ќе биде симболична, помала црква, висока четири метри и широка четири метри. Оваа мала капела треба да го покаже вистинското лице на Сирија во која живеат различни цивилизации и култури, посебно на овој град кој прифати повеќе од 4.000 бегалци кои бегаа од насилство, рече Абдула.

Според него, црквата со истанбулската Аја Софија ќе ја поврзува само името.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2020 13:52