Постои сомнеж дека исламски екстремисти од организацијата „Боко Харам“ денеска го гранатираа северниот дел на Камерун и убиле најмалку 13, а повредиле осум лица.

Неидентификувани напаѓачи фрлале гранати кон група луѓе во камп за раселени лиц во Мозого, недалеку од границата со Нигерија.

Екстремистите на Боко Харам со децении се обидуваат да воспостават исламски калифат со седиште во Нигерија, а повеќе од 30.000 луѓе ги загубија животите во исламистичко насилство, додека милиони останаа бездомници и заминаа во соседните Камерун, Нигер или Чад.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/08/2020 14:01