Кинеските власти наредија евакуација на жителите поради тајфунот Хагупит, кој со брзина од 90 километри на час се движи кон од источниот брег на Кина.

Кинескиот метеоролошки центар најави дека Хагупит ќе го погоди брегот помеѓу провинциите Жеџијанг и Фуџијан, а последиците од тајфунот ќе бидат почувствувани и во Шангај.

Во Фуџијан евакуирани се рибарските населби, додека туристичките одморалишта се затворени, а стопирани се и градежните работи.

Овогодинешната сезона на тајфуни е релативно блага иако во јуни беа погодени главните речни системи, при што во поплавите загинаа голем број луѓе, а над два милиона беа принудени да се евакуираат. Јунските поплави предизвикаа штета од седум милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 22:11