Германскиот министер за здравство Јенс Шпан изјави дека ќе биде воведено задолжително тестирање за сите патници кои се враќаат во Германија од високоризичните области.

– Сакаме добро да се искоординираме со сите германски покраини, кои мораат да воведат задолжително тестирање на аеродромите и железничките станици, посочи Шпан.

Тој додаде дека задолжителното тестирање ќе почне во текот на неделата.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/08/2020 22:16