Британската Влада одлучи да покрена акција „Јади во ресторан, помогни му на ресторанот“ и ќе ги субвенционира сметките на граѓаните за 50 отсто но најмногу до 10 фунти по посетител.

Акцијата ќе трае во текот на месецот и ќе се спроведува в понеделник, вторник и среда, деновите кога се најмалку посетени рестораните.

Целата на акцијата е да им се помогне на угостителите кои се справуваат со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во акцијата ќе бидат вклучени околу 72.000 угостиелски ресторани, но критичарите на мерката истакнаа дека треба да бидат исклучени рестораните со нездрава храна од државната интервенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 01:16