Шефот на либанската дипломатија Насиф Хити денеска поднесе оставка предупредувајќи оти Владата не успеа да се справи со кризата и да ги спроведе реформите.

Оставката на Хити е удар за Владата на премиерот Хасан Диаб, кој се обидува да спроведе реформи насред растечката инфлација, невработеноста, сиромаштијата и пандемијата со новиот коронавирус.

Тој истакна дека Либан се претвора во „пропадната држава“ и упати апел до политичарите да се обединат за националниот интерес, бидејќи во спротивно „ќе потоне бродот“



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 01:17