На 02 август во 03,50 часот во Велес полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.С.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од М.Ј.(24) од Велес дека околу 02,00 часот, на автопат Скопје -Велес во близина на исклучок за манастир Св.Јован, додека пријавителката се превезувала во патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С., истиот физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба.
За настанот е известен јавен обвинител, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.