Израелски борбени авиони и хеликоптери синоќа нападнаа воени цели на сириската војска.
Бомбардирањето е извршено неколку часа откако е спречено влегување на екстремисти од Сирија, кои се обиделе да подметнат експлозив, се наведува во соопштението на израелската војска.
На мета биле набљудувачки пунктови, противвоздушни артилериски инсталации и командни и контролни системи во сириските воени бази.
Сирија ги потврди нападите, наведувајќи дека израелските хеликоптери истрелале ракети кон сириските воени пунктови и причинета е материјална штета.
Израел ја освои Голанската висорамнина во војната во 1967 година и подоцна ја анектираше таа територија. Израелската анексија ја признаа само САД.