Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се бара од федералните агенции да докажат дека не вработуваат луѓе од странство наместо Американци квалификувани за тие работни места.

Белата куќа објави дека уредбата ќе ги спречи државните агенции да ги менуваат Американците со евтина работна сила од странство, пренесува Гласот на Америка.

Со уредбата се бара од сите федерални агенции да спроведат внатрешна истрага и да утврдат дали вработуваат американски државјани на одредени позиции.

Трамп рече дека се решил на ова поради потегот на директорот на државна агенција во Тенеси, кој, поради претходната забрана за издавање визи на работници од странство, одлучи да делегира 20 проценти од работата на компании што се во странство.

Американскиот пртседател го отпушти директорот на агенцијата од Тенеси и се закани дека ќе ги смени и останатите членови на одборот доколку продолжат да ангажираат работници од странство.

-Ако ги предадете американските работници, ќе слушнете само два збора: Вие сте отпуштени, рече Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 17:55