Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

– Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, исјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања.

– Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 17:56