Цените на нафтата денеска забележа пад поради стравот од нов бран на Ковид-19 и заострување на мерките во поголем број земји, што би довело до намалена побарувачка за овој енергенс.

Цената на фјучерсот на американската ВТИ нафта се намали за 68 центи или за 1,7 отсто и се тргуваше за 40,33 долари за барел, додека нафтата Брент забележа пад од 72 центи или 1,7 проценти и барел се продаваше за 43,43 долари.

Цената на ВТИ и на Брент нафтата вчера пораснаа за 1,8 односно за 1,5 проценти поттикнати од економските активности во Азија, Европа и САД.

И покрај евентуалнито пад на побарувачката за нафта, Организација на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници односно ОПЕК Плус, вклучително и Русија најавија дека овој месец ќе го зголемат производството за околу 1,5 милиони барел дневно.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 20:46