Најмалку 10 луѓе загинаа, а голем број се повредени во експлозијата што денеска се случи во Бејрут.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.

Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините за петарди.

Се уште не е позната причината за експлозијата ниту каков вид на експлозив бил складиран во магацините.

Телевизијата Ал Мајден јави дека има стотици повредени луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 21:29