Српскиот интернационалец, Андрија Бојиќ следната сезона повторно ќе настапува во дресот на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша едногодишен договор со клубот.

Дваесет и седум годишниот Србин беше дел од тимот во сезоната 2017/18 како и во текот на сезоната 2018/19, во која на крајот се закити со шампионскиот трофеј.

Минатото првенство го мина во романскиот тим Волунтари, по што повторно се врати во „Јане Сандански“.

Бојиќ настапувал и за Мега Визура, ОКК Београд, Борац Чачак, Младост Земун, КСЕ Јашбери (Унгарија), Полфарма (Полска) и романска Политехника.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2020 21:42