Соединетите Американски Држави и Кина се согласија на 15 август да одржат разговори на високо ниво, со цел да се договорат за билатералниот трговски договор потпишан претходно оваа година, објави денеска „Волстрит журнал“.

Во разговорите ќе учествуваат американскиот трговски претставник Роберт Лајтицер и кинескиот вицепремиер Лиу Хе.

Како што додава весникот, тие ќе се фокусираат на првата фаза која бара посветеност на Кина за зајакнување на увозот од САД за 200 милијарди американски долари во текот на две години.

Разговорите ќе се одвиваат преку видео конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2020 16:59