Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ширењето на коронавирусот во САД е под контрола „колку што е тоа можно“.
„Луѓето умираат, тоа е вистина. Така е како што е. Но, тоа не значи дека не правиме сè што можеме. Тој е под контрола колку што може да се контролира. Ова е ужасна чума“, рече Трамп во интервју за веб-страницата „Акиос“.
Како што пренесуваат странските агенции, Трамп во објава на Твитер продолжил да врши притисок врз училиштата повторно да се отворат и го бранел одговорот на неговата администрација на вирусот.
Во САД од Ковид-19 починаа најмалку 155.000 луѓе.