Компанијата „Волт Дизни“ соопшти дека нејзините нето приходи драстично опаднале од март до јуни, кога повеќето тематски паркови беа затворени, а филмските премиери беа одложени.

За кварталот кој заврши на 27 јуни, компанијата пријави загуба од 4,84 милијарди долари или 2,61 американски долари по акција, во однос на добивката од 79 центи во претходниот квартал.

Приходите паднаа за 42 проценти на 11,78 милијарди американски долари, додека аналитичарите предвидоа дека тоа ќе бидат 12,39 милијарди американски долари, пренесува ФактСет.

„Дизни“ отвори некои свои паркови низ целиот свет, но повеќето и натаму се затворени за време на фискалниот трет квартал на компанијата.

Компанијата соопшти дека затворањето на парковите чинело 3,5 милијарди долари за квартал.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/08/2020 17:41