Раководството на најсилната кошаркарска лига на светот – НБА, размислува да го премести датумот за почеток на следната сезона до јануари 2021 година, пренесува „ЕСПН“.

Лигата има приоритет на 82 регуларни сезонски натпревари за сезоната 2020/21 и да има што е можно повеќе гледачи.

Првично сезоната е закажана да започне на 1 декември. Сепак, НБА лигата би можела да го премести стартот на првенството за 18 јануари 2021 година, ако тоа придонесе шампионатот да започне со гледачи на трибините.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/08/2020 03:23