Лука Дончиќ уште еднаш се покажа како главен актер во натпревар на Далас, и покрај неговата сè уште кратка кариера во НБА. Словенечкиот феномен ги уништи Jaнис Адетокумбо и Милвоки Бакс со својот 17-ти „трипл-дабл“ од 36 поени, 14 скокови и неверојатни 19 асистенции и ги поведе Маверикс до успехот над „елените“ со 136:132 (35:22, 27:39, 31:20, 26:28, 17:13) по продолжение.
Деветнаесетте асистенции на Дончиќ се врв во неговата кариера, а исто така беше изедначен рекордот за тековната сезона за Леброн Џејмс, кој забележа 19 додавања против Орландо Меџик во јануари. Покрај тоа, откако се споија НБА и АБА, само двајца играчи регистрираа „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени и 19 асистенции – Меџик Џонсон и сега Лука Дончиќ.
Покрај Дончиќ, Доријан Фини-Смит го забележа можеби најсилниот меч во кариерата со 27 поени, 11 скокови и 5 асистенции, Кристапс Порзингис постигна 26 поени и 11 скокови, Макси Клебер додаде 15 поени од клупата.
Јанис Адетокумбо беше на вообичаеното високо ниво со 34 поени, 13 скокови и 5 блока, Брук Лопез забележа најдобар резултат од 34 поени, Крис Мидлтон постигна 21 поен, 6 скокови и 11 асистенции, а Ерик Бледсоу заврши со 15 поени.
Резултати во НБА
Портланд – Л.А. Клиперс – 117: 122 Денвер – Јута – 134:132 по продолжение Индијана – Л.А. Лејкерс – 116:111 Мајами – Феникс – 112:119 Далас – Милвоки – 136:132 по продолжение
Рангирање:
Источна конференција: 1. Милвоки 55 победи / 15 порази 2. Торонто 49/19 3. Бостон 46/23 4. Мајами 43/27 5. Индијана 43/27 6. Филаделфија 42/27 7. Бруклин 33/36 8. Орландо 32/38 – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – 9. Шарлот 23/42
Западна конференција 1. Л.А. Лејкерс 51 победи / 18 порази 2. Л.А. Клиперс 47/22 3. Денвер 46/24 4. Хјустон 43/25 5. Оклахома Сити 42/26 6. Јута 43/27 7. Далас 42/30 8. Мемфис 33/37 – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – – 9. Портланд 32/39 10. Феникс 31/39 11. Сан Антонио 30/38 12. Њу Орлеанс 30/39 13. Сакраменто 29/40